Шпанија
Реал Мадрид го потврди новиот договор на Лунин
Андреј Лунин одреден период размислуваше да го напушти Реал Мадрид и тоа со цел да настапува редовно во клуб кој ќе му понуди улога на прв голман, но на крајот реши да остане во редовите на шпанскиот клуб.
Украинецот ќе му биде поддршка на Тибо Куртоа и денеска Реал официјално го промовираше продолжувањето на договорот до 2030 година.
Лунин бранеше одлично речиси цела сезона во која Куртоа паузираше поради повреда, а Белгиецот се врати само на завршните средби, но експресно си го поврати првотимскиот статус кај Карло Анчелоти.
Реал Мадрид размислуваше да го задржи Кепа ако Лунин реши да замине, но се случи поинакво сценарио, односно на крајот Кепа беше вратен во Челси, а потоа испратен на заем во редовите на Борнмут.
Украинскиот голман дефинитивно нема да биде во прв план кај Анчелоти, но може да добива шанса на натпреварите во купот.
Comunicado Oficial: renovación de Andriy Lunin.#Lunin2030 | #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 13, 2024
-
Англија23 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија17 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија19 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ загуби сет, но закажа полуфинален дуел со својот „редовен пациент“
-
Евролига4 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет20 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија18 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)