Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го освои Хелсинки и ја збогати колекцијата европски трофеи (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид го победи Ајнтрахт со 2:0 во европскиот Суперкуп, што за шпанскиот великан е уште еден трофеј во богатата колекција.

Германскиот состав како актуелен освојувач на Лига Европа го предизвика Реал во Хелсинки, но откако ја пропушти првата голема шанса, подоцна не успеа да одолее на обидите на Реал за водство.

Најпрвин Алаба реализираше по асистенцијата на снаодливиот Каземиро во 37. минута, за точка на неизвесноста да стави Бензема во 65. минута од овој натпревар, поставувајќи ги конечните 2:0.

За Реал Мадрид ова е петти трофеј во европскиот Суперкуп, со што им се приклучи на досегашните рекордери Барселона и Милан.

Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни