Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал Мадрид го освои Бергамо, Леверкузен го проби „ѕидот“ на Интер во 90. минута (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид мораше да се брани во завршницата, го загуби и Килијан Мбапе поради повреда, но на крајот успеа да оствари важна победа (2:3) на гостувањето кај Аталанта во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион поведе рано преку Мбапе, но Французинот подоцна се повреди и беше заменет во 36. минута од средбата. Домаќините се вратија во игра во финишот на првиот дел, откако Колашинац избори пенал, а Де Кетелар го претвори во погодок за израмнување.

Клучен период беше тој од 56 до 59 минута кога најпрвин Винисиус донесе ново водство за гостите, а неколку минути подоцна Белингам зголеми на 1:3.

Лукман во продолжение намали на 2:3, Ретеги во последниот напад промаши зицер од потенцијален офсајд, па на крајот Реал ги освои трите бода и ја подобри позицијата на табелата.

Баер Леверкузен го скрши отпорот на Интер во 90. минута, кога Мукиеле постигна гол за голема победа на германскиот шампион, а екипата од Италија го прими првиот гол сезонава во Лигата на шампионите.

ПСЖ и Баерн беа сигурни против Салцбург и Шахтјор, а важни победи остварија Астон Вила, Брест и Клуб Бриж.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни