Поврзете се со нас

Англија

Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити

Објавено

на

Англиските медиуми пишуваат дека од таборот на Реал Мадрид го обновиле интересот за една од ѕвездите на Манчестер Сити.

Имено, според „Дејли Стар“ од Реал се заинтересирале за Рахим Стерлинг кој во последно време го загуби местото во првиот тим на Пеп Гвардиола од разиграниот Фил Фоден.

Стерлинг кој важеше за незаменлив дел од тимот на шпанскиот стратег на последните натпревари започнува од клупата за резервни фудбалери, па кај него се појавила доза на незадоволство.

Наводно „кралевите“ планираат да го искористат моментумот и да ги опипаат своите шанси за ангажман на 26 годишниот офанзивен фудбалер кој игра одлично веќе неколку сезони со ред.

Стерлинг со „граѓаните“ има важечки договор уште две сезони, а оваа година постигна 13 погодоци и 11 асистенции во Премиер лигата. Офанзивецот во моментов е во голгетерски пост откако нема постигнато погодок уште од февруари кога неговиот тим го совлада Арсенал со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни