Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го исфрлува делот Сантијаго од името на својот стадион

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид важи за еден од спортските клубови со најголем комерцијален профит на глобално ниво, реновираниот стадион ќе има дополнителен позитивен ефект, но еден потег може да донесе и негативни реакции кај фановите и во јавноста.

„Марка“ тврди дека Реал го исфрлил делот Сантијаго од досегашното име Сантијаго Бернабеу на стадионот, иако засега тој потег не е објавен и потврден официјално.

Новите маркетинг активности го промовираат стадионот „Бернабеу“, тоа име се појавува на интернет страницат и на социјалните мрежи, па и божиќните подароци со макета од стадионот биле со скратеното име. Официјалната тура за посета на стадионот сега се вика „Тур Бернабеу“, што е уште еден знак за промената, – велат новинарите на „Марка“.

Засега промената е поврзана со комерцијални причини, официјална промена мора да биде потврдена од одговорните тела во клубот, но шпанскиот медиум потенцира дека скратувањето на името може да биде најава и за додавање на спонзор, нешто што во моментов е тешко да се претпостави дали е реално сценарио.

Стадионот е изграден во 1947 година под водство на тогашниот претседател Сантијаго Бернабеу, а истиот го добива неговото име во 1955 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни