Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ на неутрален терен за финале во Суперкупот (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 по 120 минути во Саудиска Арабија и стана прв финалист на шпанскиот Суперкуп турнир кој се игра не неутрален терен.

Новото „Ел Класико“ не ги разочара фудбалските фанови ширум светот, а Реал Мадрид беше екипата која три пати дојде до водство, при што третиот пат поведе во продолжението и ја задржа таа предност до крајот.

Винисиус го отвори резултатот во 25. минута, додека Де Јонг среќно израмни пред крајот на полувремето и ја врати Барса на егал.

Бензема не пропушти да постигне гол против големиот ривал и тој беше фудбалерот кој во вториот дел го врати Реал во водство, но резервистот Фати се погрижи за 2:2 и дополнителни триесет минути.

Во 98. минута, одбраната на Барселона извиси целосно, а топката во клучниот момент заврши кај Валверде, кој лесно реализираше за конечни 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни