Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид го демантираше Анчелоти, Италијанецот мораше да дава ново објаснување (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти во интервјуто за „Ил Џорнале“ најави дека Реал Мадрид нема да учествува во новиот опширен формат на Светското клупско првенство истакна дека не е импресиониран од проектот на ФИФА, според кој клупскиот мундијал од сега ќе биде турнир кој ќе трае речиси еден месец.

Оваа изјава на искусниот стручњак привлече уште поголемо внимание ако се знае дека самиот најави можно откажување и на други големи клубови, но поради реакциите кои пристигнаа, брзо пристигна и официјален став од Реал Мадрид како клуб.

„Кралевите“ го демантираа својот тренер и најавија дека ќе бидат од клупскиот мундијал кој ќе се игра наредното лето, па поради ова, со ново дообјаснување мораше да излезе и Карлето.

– Реал Мадрид соопштува дека во ниту еден момент не е доведено во прашање нашето учество на новото Светско клупско првенство што ќе го организира ФИФА во сезоната 2024/2025. Нашиот клуб ќе се натпреварува како што е планирано, на ова натпреварување одиме со голема гордост и со најголем ентузијазам поради нашите милиони фанови ширум светот кои повторно сонуваат за нова титула, – се вели во соопштението на Реал.

– Во моето интервју за „Ил Џорнале“, зборовите кои ги употребив за Светското клупско првенство не беа толкувани онака како што сакав. Далеку од тоа дека имам било каков интерес да отрфлам натпреварување кое го гледам како голема шанса Реал Мадрид да освои нова титула, – се објасни Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни