Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид ги одложи концертите планирани на „Бернабеу“, Атлетико одбил да ги преземе

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид официјално соопшти дека ќе ги одложи планираните концерти на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и тие ќе бидат одржани во други термини.

Шпанскиот великан го реновираше стадионот, овозможувајќи на него да се одржуваат и музички концерти по највисоки стандарди, па изминатиот период „Сантијаго Бернабеу“ беше домаќин на многу големи ѕвезди, вклучувајќи ја Тејлор Свифт.

Сепак, Реал Мадрид е загрижен поради поплаките на локалното население за бучавата која се создава од музичките настани, па привремено го прекинува организирањето на концерти.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал се обратил до градскиот ривал Атлетико Мадрид со предлог да ја преземе организацијата за неколку концерти планирани во октомври и ноември, но идејата била отфрлена.

Реал информира дека иако се преземени мерки за подобра звучна изолација, засега нема да има само концерти и тоа веројатно не пред март 2025 година, со што се потврдени приговорите од локалните власти за прекршувањата на регулативите.

Реал инвестираше голема сума во реновираниот „Бернабеу“, а една од основите на новиот проект е организацијата на други настани, вклучувајќи ги концертите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни