Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид донел одлука околу напаѓачката позиција и можноста за ангажман на Халанд

Објавено

на

Изминативе неколку дена се шпекулираше дека Реал Мадрид ова лето со сите сили ќе тргне по услугите на Ерлинг Браут Халанд кој блеска во дресот на Борусија Дортмунд.

Сепак, денес шпанските медиуми блиски до „кралскиот клуб“ пренесуваат дека била донесена одлука да не се брза со ангажман на Халанд, па така тие нема да тргнат по неговите услуги ова лето.

Наместо тоа, ќе му дадат шанса на младиот српски напаѓач, Лука Јовиќ кој потфрли и со настапите, но и со однесувањето надвор од теренот.

И покрај тоа, од Реал нема да се откажат од него и ќе му овозможат тој да си го искористи и последниот кредит, па доколку задоволи, клубот нема шанси да тргне по Халанд.

Од Реал Мадрид не сакаат да им се случи истото сценарио како со Јовиќ кого го платија 60 мииони евра. Талентираниот српски напаѓач играше фантастично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, но сега мака мачи да го пронајде патот до мрежата.

Оваа сезона на 24 натпревари во сите натпреварувања во дресот на „кралскиот клуб“, Јовиќ постигна само два погодоци.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни