Поврзете се со нас

Евролига

Реал Мадрид договорил хрватска НБА ѕвезда

Објавено

на

Шпанскиот кошаркарски клуб Реал Мадрид го договорил трансферот на хрватскиот центар Анте Жижиќ, објавија голем број специјализирани медиуми.

Жижиќ веќе е дел од НБА лигата каде настапува за Кливленд, но прифатил да стави потпис на неколкугодишен договор со Реал, веднаш штом му истече договорот со „коњаниците“.

Тоа значи враќање на 23-годишниот Жижиќ во Евролигата по три години, откако таму веќе настапуваше за турскиот клуб Дарушафака.

Хрватот беше избран на НБА драфтот од Бостон, но веднаш беше испратен во Кливленд, каде настапува трета сезона.

Жижиќ ќе биде сериозно засилување за тимот на Пабло Ласо, кој сезоната ја заврши на разочарувачки начин и очигледно е планирана реконструкција на екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни