Реал Мадрид денес ја испраќа првата понуда до Рома за Алисон

alison

„Скај Италија“ пренесува дека од редовите на Реал Мадрид во текот на денешниот ден ќе го направат првиот обид за да стапат во контакт со Рома се со цел да го обезбедат потписот на нивниот голман, Алисон Бекер.

Првата конкретна понуда се очекува да биде 50 милиони евра, сума која веројатно Рома ќе ја одбие затоа што очекува многу повеќе пари. Сепак според медиумот од Италија, „Кралевите“ се подготвени да платат најмногу 60 милиони евра, плус околу десет милиони евра изразени во бонуси.

Инаку, личните услови на бразилскиот чувар на мрежата веќе се договорени, па за реализација на трансферот се очекува само договор помеѓу двата клуба.

Facebook Коментари