Поврзете се со нас

Германија

Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Баерн Минхен успеа да спречи еден важен фудбалер да го напушти клубот и да го засили големиот европски ривал, Реал Мадрид.

„Марка“ денеска потврди дека шпанскиот клуб добил официјална потврда за одлуката на Алфонсо Дејвис и канадскиот репрезентативец дефинитивно ќе остане во бундеслигашот и наредните години.

Дејвис долго не ги прифаќаше условите за нов договор, но очигледно германскиот великан решил да му исполни најголем дел од барањата, па прашање на ден е кога ќе биде потврден потписот на соработка за уште најмалку четири години.

Реал Мадрид го посакуваше Дејвис како слободен агент и големо засилување на позицијата лев бек, но сега веќе се фокусира на други опции и нема да размислува за фудбалерот на Баерн и неговите агенти.

Германските медиуми тврдат дека Баерн прифатил годишна плата од 15 милиони евра за Дејвис и тоа било пресудно за 24-годишниот фудбалер сепак да даде зелено светло за продолжување на соработката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни