Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид без двајца важни играчи ќе му гостува на Сосиедад

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Сосиедад ќе биде прв противник на Реал Мадрид по паузата настап на репрезентациите, па Карло Анчелоти и неговите фудбалери ќе имаат сериозен испит на гостувањето во Сан Себастијан.

Иако постоеше оптимизам дека Реал ќе биде комплетен за ова дерби, денеска стана јасно дека двајца важни играчи ќе го пропуштат незгодното гостување.

Џуд Белингам и Орелијан Чуамени поради повреди нема да патуваат со соиграчите и ќе ја пропуштат средбата во Ла Лига, па Анчелоти мора да комбинира без нив во битката за втора победа сезонава.

Чуамени се уште не се рехабилитирал од повредата која ја заработи на претходниот дуел со Бетис, додека Белингам подолго е надвор од терените, па сега стана јасно дека нема да биде подготвен ниту за дуелот со Сосиедад.

„Марка“ тврди дека и Белингам и Чуамени се блиску до камбек, но Реал не сакал да ризикува, па останува да се види дали поинаква одлука ќе биде донесена за дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни