Поврзете се со нас

Шпанија

Реал конечно го продаде напаѓачот кој мина 15 години во клубот (Фото)

Објавено

на

Борха Мајорал беше испраќан на безброј позајмици изминативе неколку години и ги бранеше боите на Волфсбург, Леванте, Рома и Хетафе, но сега конечно прави перманентен трансфер и става крај на својот престој во Реал Мадрид.

Напаѓачот кој мина 15 години во клубот и ги мина сите младински категории за да дојде до првиот тим и дефинитивно става крај на една незаборавна авантура, бидејќи „кралевите“ постигнале договор со Хетафе за продажба на фудбалерот за 10 милиони евра.

Мајорал беше дел од Реал од 2007-ма година и фудбалски порасна во „кралскиот клуб“, а иако немаше некој позначаен придонес, зад неговото име стојат трофеите во Лигата на шампионите, светското клупско првенство, европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп.

Реал Мадрид му се заблагодари на Мајорал за сите години минати во клубот и му посака успеси во новата етапа во животот, која го носи во предградието на Мадрид.

Борха стави потпис на петгодишен договор со Хетафе и ќе биде главна ѕвезда во новиот проект на тренерот Кике Санчес Флорес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни