Реал ја освои „Алијанц Арена“ и направи голем исчекор кон ново финале во ЛШ (Видео)

asensio

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, екипата на Реал Мадрид направи голем исчекор кон пласман во големото финале во оваа конкуренција, откако вечерва во првиот полуфинален меч обезбеди победа на гостувањето кај Баерн Минхен со 2-1.

До овој  резултат „кралевите“ дојдоа со пресврт, односно сега пред своите гледачи со убава предност можат да го заверат патот за Киев каде се игра завршниот меч во ЛШ. Во дуелот кој беше одбележан со три повреди (Робен, Боатенг и Карвахал) домаќините први поведоа преку Кимих во 28 минута и тоа пред се поради лошата реакција на голманот Навас.

Потоа четата на Хајнкес пропушти голема можност преку Рибери за зголемување на предноста, па следуваше казна на спротивната страна преку Марсело во 44 минута.

Во 57 минута гостите поведоа преку резервистот Асенсио и тоа откако беше искористена грешката на Рафиња. До крајот имаше уште неколку полуприлики, беше поништен гол на Роналдо поради играње со рака, но промена на резултатот немаше.

Реваншот на „Бернабеу“ се игра на 1 мај.

Facebook Коментари