Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал ја доби првата битка со Ливерпул, Фоден донесе драматична победа за Сити (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити го искористија домашниот терен и остварија победа над Ливерпул и Борусија Дортмунд во првите мечеви од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ од Мадрид беа подобри од се уште актуелниот англиски шампион со 3-1, резултат кој ги става во добра позиција за пласман во следната фаза на ова натпреварување. Четата на Зинедин Зидан беше поконкретна, подобра, а воедно знаеше да ги искористи сите пропусти во одбраната на премиерлигашот.

Реал уште во првиот дел дојде до 2-0 со погодоците на Винисиус Жуниор и Асенсио во 27 и 36 минута. Гостите притиснаа на стартот на второто полувреме и тоа донесе резултат, гол на Салах за 2-1 во 51 минута.

Домаќините потоа воспоставија рамнотажа и со вториот погодок на Винисиус Жуниор дојдоа до нова предност од два гола. До крајот немаше промени, па Реал со плус два ќе го дочека реваншот кој е закажан за 14 април.

Манчестер Сити потешко од очекувањата дојде до славје над Борусија Дортмунд од 2-1. „Граѓаните“ го отворија резултатот во 19 минута со погодокот на Де Брујн, резултат кој беше активен се до самиот финиш кога бундеслигашот преку Ројс дојде до 1-1 во 84 минута.

Сепак за да нема изненадување се погрижи Фоден во 90 минута на асистенција на Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни