Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал ја доби првата битка против Атлетико, Арсенал броеше до седум во Ајндховен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Големото мадридско дерби во Лигата на шампионите не ги разочара фудбалските фанови, бидејќи вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ гледавме беспоштедна битка за секој метар, едно ремек-дело, но и вкупно три погодоци во текот на сите 90 минути.

По првата битка на „Бернабеу“, може да се каже дека Реал ќе има мала предност пред реваншот на „Метрополитано“, бидејќи избраниците на Карло Анчелоти успеаја да се изборат за минимална предност од 2:1.

Реал тргна фуриозно и поведе уште во 4-та минута со погодокот на Родриго, па иако домаќинот беше далеку подобар во воведната фаза од мечот, Атлетико успеа да се стабилизира во продолжение од првиот дел.

Гостите со кратки додавање се обидуваа да ја изиграат добро поставената дефанзивна линија на Реал, но во ситуација кога не се наоѓаше решение, видовме една генијалност на Хулијан Алварез. Аргентинецот постигна неверојатен гол за 1:1 во 32-та минута, па овој резутлат значеше дека ќе гледаме неизвесно второ полувреме.

Реал повторно беше тој кој го имаше првиот збор во продолжението и преку Брахим Дијаз поведе со 2:1, а минијатурата на офанзивниот фудбалер се покажа како доволна за минимална, но важна победа во пресрет на реваншот. Чоло Симеоне се задоволи со овој резултат и правеше дефанзивни измени по примениот втор гол, па јасно е дека Атлетико својата шанса за пласман во четвртфиналето ќе го бара на „Метрополитано“.

На останатите два меча вечерва, Арсенал беше немилосрден во Ајндховен и до врв ја наполни мрежата на ПСВ, победувајќи во осминафиналето со нестварни 1:7. Тимбер, Нванери и Мерино ја најавија победата на Арсенал, ПСВ успеа да одговори пред крајот на првиот дел, но погодокот на Ланг се покажа како почесен гол.

Гостите беа уште побрутални во вторите 45 минути, па така со два гола на Одегард и по еден на Калафиори и Тросар ги поставија конечните 1:7.

Најнеизвесно беше во Дортмунд, каде Борусија и Лил одиграа 1:1 (Адејеми и Харалдсон).

Головите од Реал-Атлетико погледнете ги ТУКА

Голеадата на Арсенал во Ајндховен погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни