Поврзете се со нас

Свет

Реал ја доби драмата со Барселона во кошаркарското „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид ја доби и втората голема битка со вечниот ривал Барселона, односно откако вчера „кралевите“ славеа со 2-1 на фудбалскиот меч вечерва кошаркарите беа подобри од каталонците со 87-85.

Барса пред дуелот важеше за огромен фаворит на хартија со оглед на сите проблеми на Реал, заминувањето на дел од играчите, како и досегашните меѓусебни сезонски дуели, но уште еднаш се потврди дека дерби средбите се посебни, одлучуваат нијанси, борбеност, фактори кои беа на страна на четата на Пабло Ласо.

Составот од Мадрид безмалку водеше од почеток до крајот со исклучок на неколку секунди во самата завршница која беше навистина луда. Избраниците на Јасикивечиус успеаа да се вратат од голема негатива и да поведат со тројката на Миротиќ на 10 секунди до крајот.

Сепак последниот збор го имаше Реал кој преку Лапровитола реализираше „два плус еден“ што беше доволно за славје во „Палау Блауграна“.

Фернандез со 13 и Лапровитола со 12 поени беа најдобри стрелци кај победникот, Хигинс пак на спротивната страна имаше 21 кош.

Реал со учинок 28-1 е прв во Ендеса лигата, Барса е втора со 25-4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни