Поврзете се со нас

Шпанија

Реал извлече реми против Севилја, Атлетико останува лидер на табелата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид не успеа да ја победи Севилја и го остави градскиот ривал Атлетико на пол позицијата во трката за пехарот во Примера.

По вчерашното реми меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, четата на Зидан со победа на вечерашното дерби можеше да ја преземе првата позиција, ама таа цел не ја оствари, па дури со доста мака дојде до реми од 2-2.

Фернандо во 22 минута донесе водство за Севилја, резултат кој беше активен до 67 кога нововлезениот Асенсио израмни на 1-1. Во 78 минута беше досуден пенал за „кралевите“, но по консултацја со ВАР беше утврдено дека претходно Милитао играл во рака во сопствениот шестнаесеник, па удар од 11 метри добија гостите и истиот Ракитиќ го реализираше за 2-1.

Мечот беше продолжен за шест минута, а во 94 домаќините преку Азар ја затресоа мрежата на противникот и избегнаа пораз.

До крајот остануваат три кола, Атлетико има 77, Реал 75 исто колку и третопласираната Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни