Поврзете се со нас

Шпанија

Реал излезе со соопштение за фудбалерите кои биле уапсени од полицијата

Објавено

на

Реал Мадрид очекувано реагираше со соопштение за секс скандалот кој го објавија медиумите, а во кој се инволвирани неколку млади фудбалери на шпанскиот великан.

Медиумите објавија дека неколку млади играчи на Реал снимиле и дистрибуирале видео со сексуална содржина, во кое било вклучена малолетна девојка, а полицијата реагирала на пријава на мајката на оштетената.

– Реал потврдува дека е информиран дека еден фудбалер на Реал Мадрид Кастилја и тројца играчи на Ц тимот дале изјава за шпанската полиција, поради обвинение за споделување приватно видео преку социјалните мрежи.

– Кога клубот ќе има доволно информации, ќе поведе и соодветни постапки, – стои во соопштението на Реал.

Она што е најважно за клубот, а го потрдува и „АС“, е дека полицијата не истражува ниту еден член на првиот тим, кој евентуално бил дел од оние кои го распространиле видеото на интернет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни