Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал исчезна на „Итихад“, Сити ќе се бори за трофејот во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Сити е ривалот на Интер во големото финале на Лигата на шампионите кое е закажано за 10 јуни во Истанбул.

Англискиот претставник го растури Реал Мадрид на вечерашниот реванш на „Итихад“ каде славеше со неверојатни 4-0 и со вкупни 5-1 обезбеди место во своето второ финале во историјата, поточно овој состав предводен од Пеп Гвардиола има нова можност да се искачи на врвот на Европа.

„Граѓаните“ доминаа во Манчестер, комплетно го надиграа најтрофејниот клуб во ова натпреварувања. Силва даде два гола во првото полувреме, полувреме во кое домаќините можеа да се стекнат и со уште поголема предност ако на голот не беше Куртоа кој имаше неколку интервенции.

Реал и во вториот дел не успеа да се наметне, нешто да промени, па во 76 минута Милитао си постигна автогол за 3-0, додека точка на шоуто стави нововлезениот Алварез во 91 минута.

Европа ќе добие нов првак, шампион кој ќе биде крунисан во турската престолнина наредниот месец.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни