Поврзете се со нас

Англија

Реал информирал ривалски клуб дека ќе преговара со негов фудбалер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Европските клубови веќе се подготвуваат за зимскиот преоден рок, а голем дел од нив размислуваат и за уште поважниот летен преоден рок, во кој и годинава сигурно ќе бидат повлечени интересни потези.

Реал Мадрид е еден од европските великани кој има императив да се засили на неколку дефанзивни позиции, а дефинитивно посакува да го добие потписот на Трент Александер-Арнолд.

Фудбалерот на Ливерпул ќе биде слободен агент од јуни, што значи дека може да бира клуб како слободен агент и без отштета, а најблиску до негов ангажман е Реал Мадрид.

„Токспорт“ пренесува дека добил доверлива информација, според која Ливерпул добил официјален допис од Реал Мадрид, со кој шпанскиот ривал најавил дека ќе преговара со десниот бек од почетокот на новата година, кога тоа е и дозволено според актуелните правила.

Ливерпул не се откажал целосно од англискиот репрезентативец и веројатно ќе има уште еден обид за продолжување на соработката, но мисијата ќе биде уште потешка ако се знае дека агентите на Александер-Арнолд паралелно ќе преговараат и со Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни