Поврзете се со нас

Шпанија

Реал и неговите навивачи со специјална поддршка за Винисиус (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор денеска го следи натпреварот на својот Реал Мадрид од трибините, но неговите соиграчи решија да направат специјален гест како еден вид поддршка откако беше жртва на уште еден расистички напад, овојпат во Валенсија.

Бразилецот беше исклучен, па помилуван од дисциплинците откако заработи црвен картон на „Месталја“, а целата мешаница настана откако тој бурно реагираше бидејќи доби расистички навреди од дел од домашните фанови.

Вечерва, фудбалерите на Реал се појавија на теренот облечени во дресови со број 20, односно со дресот на Винисиус, испраќајќи јасна порака за поддршка за соиграчот, кој го следи дуелот со Рајо во друштво на Флорентино Перез.

На една од трибините, домашните фанови поставија и голем транспарент, со порака „Сите сме Винисиус. Доста е веќе“, а испратија поддршка за фудбалерот со овации во 20. минута од средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни