Поврзете се со нас

Евролига

Реал и Милано преку драма до нови победи, европскиот шампион конечно се израдува (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Милано и Реал Мадрид ја продолжија одличната серија и запишаа нови победи во Евролигата.

Италијанскиот претставник го задржа перфектниот учинок и по петтото коло откако по една драма беше подобар од Асвел од 73-72. Избраниците на Етеро Месина губеа со 14 разлика на полувреме (26-40), меѓутоа по паузата се вратија посилни, излезе една друга екипа која одигра ефикасно во нападот и квалитетно во одбраната за голем пресврт и пет од пет.

Шилдс со 15 и Мели со 14 кошеви беа први стрелци кај побендикот, кај поразените Окобо реализираше 25 кошеви.

Реал Мадрид и без услугите на Љуљ и центарот Таварес се изборија за триумф над Фенербахче од 70-69. Фенер имаше плус три на 42 секунди до крајот, меѓутоа Козер и Поарие со четири кошеви тоа го избришаа за значан триумф на шпанскиот великан.

Козер со 16 и Де Коло со 11 кошеви беа играчите со најмногу постигнати кошеви во Мадрид.

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес во петтиот натпревар дојде до прв триумф и тоа против Уникс Казан. Клубот од Истанбул беше подобар со 71-68 и тоа во дуел во кој бековите Брајант и Бобуа дадоа по 14 поени.

На останатите два дуели Баерн како гостин го доби Жалгирис, а Макаби беше подобар од Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни