Поврзете се со нас

Шпанија

Реал и Барса се избегнаа во осминафиналето на Копа дел Реј, поволна ждрепка за Димитриевски и Валенсија (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/rfef

Шпанската Федерација денеска одржа ждрепка по повод осминафиналната фаза во Копа дел Реј, а бидејќи во оваа фаза нема никаква протекција за фаворитите, медиумите посакуваа „бомба“ уште во раната фаза од нокаут рундата.

Потенцијална пресметка меѓу Реал Мадрид и Барселона беше она што го посакуваа голем број од медиумите на Пиринеите, но ждрепката посака полесен пат за двата фаворити до четвртфиналето.

Реал Мадрид во осминафиналната фаза ќе игра на домашен терен против екипата на Селта Виго, додека Барселона на хартија ќе има потежок испит против Бетис, исто така на домашен терен.

Атлетико како трет фаворит за титулата ќе игра на гостински терен против Елче, а мора да се напомене дека Столе Димитриевски и неговите соиграчи од Валенсија добија поволна ждрепка.

„Лилјаците“ ќе играат против третолигашот Оуренсе на гостински терен во обидот да стигнат до четвртфинале, фаза за која патниците ќе ги знаеме веќе следната седмица.

Осминафиналните натпревари се закажани за 14-ти, 15-ти и 16-ти јануари, а во оваа фаза се игра само по еден натпревар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни