Поврзете се со нас

Шпанија

Реал и Атлетико трет пат во низа ремизираа со идентичен резултат, Барселона може да им се „залепи“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа без победник 1-1 во дерби средбата од 23. коло во шпанската Примера.

Ова е трет лигашки меч во низа кој завршува со овој резултат, односно и првата пресметка на „Ванда Метрополитано“ финишираше со 1-1, исто како и онаа ланската на „Сантијаго Бернабеу“ кога погодија Дијаз и Љоренто.

На денешната битка домаќините не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Облак во првиот дел, додека пак гостите го реализираа пеналот во 35 минута преку Алварез и на одмор заминаа со водство од 1-0.

Четата на Анчелоти беше далеку подобра во вторите 45 минути во кои во вистинско време преку Мбапе дојде до 1-1, но потоа пропушти неколку добри можности, немаше и среќа и на крајот мораше да се задоволи со бод.

Реал и понатаму е прв со еден поен повеќе во однос на Атлетико, но сега Барселона има можност со победа на жешкото гостување во Севилја да дојде на минус еден од „душекџиите“ и на два од „кралевите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни