Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал го „скрши“ Наполи во финишот, Интер го поправи впечатокот во вториот дел

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Наполи два пати водеше против Реал Мадрид, но на крајот загуби на гостувањето во Шпанија (4:2), на натпревар на кој нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 65. минута.

Интер го поправи впечатокот во второто полувреме и се врати од голема негатива, а Арсенал ја наполни мрежата на Ленс, со шест гола од кои пет беа постигнати во првиот дел.

Баерн не успеа да го победи ФК Копенхаген, без голови одиграа и Реал Сосиедад и Салцбург, а Брага и Унион Берлин ремизираа со резултат 1:1.

Жоао Марио го постигна првиот хет-трик во кариерата и тоа за едно полувреме против својот поранешен клуб Интер, но португалскиот тим на крајот може да биде задоволен и со освоен бод. Италијанскиот тим се врати во продолжението со головите на Арнаутовиќ, Фратези и Санчез од пенал, за конечни 3:3 и делба на првото место со Сосиедад.

Симеоне донесе предност за Наполи во Мадрид, Родриго и Белингам направија пресврт, а Ангиса го врати Наполи во игра за позитивен резултат. Во завршницата Паз и Хоселу постигнаа по еден гол, па Реал го скрши отпорот на италијанскиот првак за конечни 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни