Реал го понижи Химки, Милано останува неосвоива тврдина (Видео)

sergio-rodriguez

Пет победи на седумте натпревари остварија домашните екипи на вечерашните натпревари од 9. рунда во Евролигата.

Највисоката беше дело на шпанскиот прволигаш Реал Мадрид кој пред своите симпатизери го понижи Химки со 104-76. „Кралевите“ беа супер расположени и дури пет играчи беа двоцифрени од кои број еден беше центарот Рендолф со 19 кошеви. Ова за поранешниот европски шампион беше шесто сезонско славје со што се израмни со Химки во чии редови вечерва најпрецизен беше Кремер со 14 кошеви.

Олимпија Милано пак уште еднаш потврди дека „Медиоланум Форум“ во актуелнава сезона е тврдина, па така тука падна и Макаби Тел Авив (92-88). Ова за италијанскиот прволигаш беше петта победа во исто толку меча пред својата публика и во истата блескаше ветеранот Скола со 20 поени, 7 скокови и плејмејкерот Родригез со дабл-дабл учинок од 18 кошеви и 11 асистенции.

На Макаби не му беше доволна ниту одличната индивидуална партина на Вилбекин од 25 поени.

Останати резултати: Жалгирис-Панатинаикос 84-85, Алба-Звезда 92-80, Баерн-Олимпијакос 85-82, Асвел-Анадолу Ефес 84-90, Валенсија-Зенит 94-90

Facebook Коментари