Реал го „нокаутираше“ ПСЖ за три минути, Ливерпул со „петарда“ против Порто (Видео)

ronaldo

Реал Мадрид ги доби првите 90 минути со Пари Сен Жермен во дербито на осминафиналето на Лигата на шампионите. Бранителот на трофејот иако не блескаше и не одигра на посакуваното ниво во самиот финиш дојде до капителна предност од два гола и победа од 3-1 со која ќе патува на реваншот во Париз кој се игра на 6 март.

До 83 минута резултатот на „Сантијаго Бернабеу“ беше 1-1 со тоа што гостите беа поблиску до водство, но „кралевите“ покажаа зошто изминативе години ја освојуваат ЛШ и преку Роналдо (83) и Марсело (86) се изборија за голем триумф, триумф кој може да се покаже како клучен во оваа битка.

Инаку во првиот дел мрежите на Ареола и Навас ги погодија Роналдо од пенал (45) и Рабио (33) на асистенција на Нејмар.

На втората денешна средба Ливерпул го потопи Порто со 5-0 на „Драгао“. Мане и Салах од 25 до 29 минута стрелаа за 2-0, а пак во вториот дел Мане, Фирмино и повторно Мане ја заокружија партијата која треба да е сигурна гаранција за пласман во четвртфиналето.

Facebook Коментари