Поврзете се со нас

Шпанија

Реал доби „пациент“ за ривал во Копа Дел Реј, Димитриевски и Рајо ќе се соочат со Мајорка

Објавено

на

Познати се паровите за четвртфиналната фаза во Купот на Шпанија, фаза во која место нема за актуелниот шампион во ова натпреварување Барселона која вчера по продолженијата падна на „Сан Мамес“ против Атлетик Билбао.

Токму Атлетик Билбао повторно ќе игра на домашен терен и тоа против уште еден голем ривал, великан-тоа е Реал Мадрид. Ова ќе биде дербито во оваа рунда со тоа што треба да се напомене дека „кралевите“ во сезонава веќе трипати го совладаа клубот од Баскија и тоа со 2-0, 2-1 и 1-0.

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано ќе имаат добра шанса за место во полуфиналето со оглед на тоа што во својот дом ќе ја дочекаат Мајорка.

Останатите два пара за четвртфиналето кое се игра од 1 до 3 февруари се Реал Сосиедад-Бетис и Валенсија-Кадиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни