Поврзете се со нас

Свет

Реал доби нова драма во кошаркарското „Ел Класико“ и го грабна првиот трофеј

Објавено

на

Реал Мадрид продолжи да ја победува Барселона на најважните натпревари во последно време, па така вечерва во една драматична завршница, стигна до петтиот последователен трофеј во Суперкупот.

Тимот од престолината полека се претвора во вистински „крал“ во ова натпреварување, иако Барселона денеска беше блиску да ја спречи доминацијата.

Каталонците беа блиску до титулата и сериозно го предизвикаа актуелниот шампион, но во најважните моменти, повторно до израз дојдоа актуелните избраници на Матео Чус, кој денеска ја освои првата титула како тренер на Реал, откако изминатово лето го наследи Пабло Ласо.

Регуларниот дел од натпреварот по четири одиграни четвртини заврши со резултат 71:71, а во продолжението, Реал беше подобар со 18:12 и победи со 89:83.

МВП на финалето беше Таварес со 24 поени и 12 скокови, Муса исто така брилјираше со 19 поени, а важна улога одигра и Дек со 14 поени и 8 скокови. Во поразениот каталонски табор, Санли уфрли 21 поен, а Лапровитола 12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни