Поврзете се со нас

Евролига

Реал даде четири поени за 9 минути и доживеа „Ел Класико“ дебакл од Барселона

Објавено

на

Петочната програма во кошаркарската Евролига беше затворена со големото дерби, односно шпанската „Ел Класико“ пресметка меѓу лутите ривали Реал Мадрид и Барселона.

„Кралевите“ изгледаа непобедливо до пред само една седмица, но сега во период од шест дена врзаа три порази, а овој последниот од Барселона во дербито беше посебно тежок бидејќи на теренот доживеаја вистински дебакл.

По поразите од Валенсија и Фенербахче, Реал не можеше да отвори полошо едно дерби на домашен терен, бидејќи кошаркарите на Пабло Ласо постигнаа само четири поени за 9 минути и стана јасно дека ги очекува пеколен меч. Барселона водеше со 4:26 на 60 секунди пред истекот на првата четвртина, а истата на крајот заврши со 8:28.

Разликата од 20 поени беше преголема за да се направи било што во продолжение, па избраниците на Јасикевичус само ја одржуваа разликата и остварија комотна победа од 68:86, втора во низа во дуелите со големиот ривал.

Барселона играше тимски и дури пет играчи го завршија мечот со двоцифрен учинок, од кои најефикасен беше Лапровитола со 20 поени, следен од Ексум со 13, Дејвис со 11 и Калатес и Куриќ со по 10 поени. Кај поразениот Реал Мадрид, најдобар беше Таварес со 25 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни