Поврзете се со нас

Шпанија

Реал без двајца стандарди првотимци против Рајо Валјекано

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид го има Рајо Валјекано за ривал на денешниот меч во Примера, меч за кој домашниот тренер Карло Анчелоти нема да може да смета на сите играчи.

Од претходно недостапни се Карвахал, Себалјос и Милитао, исто го нема и дефанзивецот Валјехо, листа која денеска е проширана за уште две имиња.

Имено на списокот на повикани фудбалери за пресметката со поранешниот тим на Столе Димитревски ги нема Тибо Куртоа и Антонио Ридигер. Куртоа има мала повреда, проблем и Реал не сака да ризикува со него, а Ридигер иако повеќе не е болен, нема да биде во комбинација за настап за да биде 100 проценти подготвен против Атлетико Мадрид во ЛШ.

Иако Феде Валверде е повикан се очекува тој да почне на клупата, па дури ако има потреба да влезе во игра.

Добрата вест за шпанскиот шампион е тоа што Белингам се враќа по одлежената суспензија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни