Поврзете се со нас

Шпанија

Реакцијата на Винисиус во моментите кога Милитао врескаше од болка на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Едер Милитао се соочува со нов голем и непредвидлив предизвик во својата кариера, бидејќи бразилскиот стопер вторпат во период од 15 месеци го кине предниот вкрстен лигамент.

Откако пред пола година се опорави од тешката операцијата на левото колено, Милитао вчера го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено, со тоа што ги има оштетено и двата менискуса кои прават операцијата да биде уште посложена.

Милитао ќе биде во аут до крајот на сезоната и ќе мора да се рехабилитира девет месеци, па иако Реал Мадрид како клуб го потврди тоа два часа по заработената повреда, на присутните на теренот веднаш им стана јасно за што станува збор.

Гласните крици на Милитао можеа да се слушнат и во телевизискиот пренос, а медиумите од Шпанија сега ја доловија и реакцијата на неговиот сонародник.

Винисиус Жуниор со солзи во очите и неверување ги проследил тешките моменти кои ги доживува стоперот, очигледно свесен дека ќе остане без соиграчот на долг временски период.

Претходно, тешка повреда на коленото заработи и Дани Карвахал, а нејаснотиите околу враќањето на Давид Алаба прават Реал Мадрид да размислува на засилувања во одбраната уште во јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни