Реакцијата на Стивенс: Чекот од неколку милиони долари и го смени изразот на лицето (Видео)

2017 US Open Tennis Championships - Day 13

Американката Слоун Стивен е новата грен слем шампионка на Ју-Ес Опен, откако вечерва во големото финале ја победи сонародничката Медисон Киз со 2-0 во сетови.

Финалниот меч траеше само еден час, а за време на истиот доминираше Стивенс со 6-3 и 6-2. Ова за неа е прва титула на ваков голем тунир со што на перфектен начин заокружи едно патување, враќање од повреда по скоро една година, односно пред шест недели беше 957 на ВТА листата, а пак од понедленик ќе се искачи на 17 позиција.

Најинтересниот момент се случи на доделувањето на наградите, односно кога и беше врачен чекот од скоро 4 милиони долари на победничката Стивенс.

Facebook Коментари