Реакцијата на Симеоне за победничкиот гол на Меси на „Ванда Метрополитано“ (Видео)

leo

Екипата на Барселона успеа да слави на вчерашното дерби против Атлетико во Мадрид и на тој начин да остане на првото место во Примера.

Голот вреден три бода за каталонците беше дело на Лионел Меси во самиот финиш на натпреварот кога Суарез перфектно му ја намести топката на Аргентинецот кој во негов стил ја затресе мрежата на Облак за разочарување на публиката на „Ванда Метроолитано“.

Медиумите од друг агол ја снимија и реакцијата на Диего Симеоне кој бараше неговите играчи да го запрат Меси, но на крај и тој самиот му аплаудираше на сонародникот за погодокот.

Facebook Коментари