Поврзете се со нас

Шпанија

Реакцијата на Симеоне кога виде дека Гризман ќе влезе во игра во 90. минута (Видео)

Објавено

на

Диего Симеоне остана без коментар по крајот на мечот во кој Антоан Гризман доби шанса дури во 90-та минута, епилог кој многумина го протолкуваа како чин во кој Французинот беше понижен од страна на тренерот Кике Сетиен.

Искусниот стручњак најде место за Гризман во тимот дури во судиското надополнување, а тоа делува навистина нестварно ако се знае дека Барса плати 120 милиони евра за неговиот ангажман пред една година.

Гризман беше огромна ѕвезда во тимот со кој Барселона ремизираше 2:2 во вторникот, па иако Чоло не сакаше да додава дополнително „масло во огнот“ со коментари по дербито, сега специјализираните шпански емисии ни ја доловија неговата вистинска реакција.

Францускиот напаѓач го замени Артуро Видал во 90-та минута, па едвај мина четири минути на теренот пред да биде означен крај од судијата Фернандез.

За разлика од Гризман кој немаше проблем да влезе на теренот во оваа фаза од мечот, Чоло во позадина ја подгризнуваше усната и се чудеше како неговата најголема ѕвезда во Атлетико стигна до ова ниво во Барса……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни