Поврзете се со нас

Англија

Реакцијата на Роналдо по голот на Салах стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо се прикажа во навистина лошо издание пред крајот на првиот дел кога намерно го удри Џоунс додека играчот на Ливерпул лежеше на земјата, но ако за овој потег доби огромни критики, една ситуација стана посебно вирална во изминатите неколку часа.

Еден ден по дербито за паметење на „Олд Трафорд“, Роналдо и натаму е топ тема на Твитер заедницата, а овојпат повод за тоа е една негова реакција по еден од трите гола кои ги постигна Мо Салах.

Најдобриот голгетер на Ливерпул беше несопирлив за играчите на Јунајтед и беше опасен во секоја ситуација во шеснаесетникот, за што говори и очајничката реакција на Кристијано по еден негов гол.

Португалецот се обидувал нешто да им објасни на своите соиграчи, но ако се говори реално, тешко дека некој го разбрал Кристијано во дадената ситуација…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни