Поврзете се со нас

Франција

Реакцијата на Меси по победничкиот гол на Икарди отвори дебата во Франција (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси беше видно револтиран поради тоа што беше повлечен од игра во ситуација кога ПСЖ бркаше победа против Лион, па повеќе од јасно е дека аргентинската ѕвезда нема да го памети по добро своето деби на „Паркот на принцовите“.

Иако ПСЖ на крајот победи со гол постигнат од Икарди во судиското продолжение, Меси го задржа сериозниот пристап и по мечот, а медиумите откриваат дека тој всушност не се израдувал ни на голот кој го постигна неговиот сонародник.

Икарди влезе на местото на Ди Марија во 82-та минута и се покажа како „џокер“ за Маурисио Покетино, но додека Андер Ерера еуфорично го слваеше победничкиот гол, Меси речиси да немаше никаква реакција и последен стана од своето столче на клупата.

По вчерашната средба, стана јасно дека Меси ќе мора да почека на својот премиерен гол во ПСЖ, но со вчерашните реакции јасно стави до знаење дека неговата желба за надигрување е до толку голема, што тешко ќе прифаќа предвремени излегувања од теренот.

Покетинот во улога на тренер ги смируваше страстите по победата од 2:1, нагласувајќи дека ја направил најдобрата работа за тимот, но и за самиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни