Поврзете се со нас

Свет

Реакцијата на Леман откако беше запрашан кој е подобар голман од Нојер и Тер Штеген (Видео)

Објавено

на

Јенс Леман беше недопирлив како голман на Борусија Дортмунд и Арсенал, но сепак вообичаено беше во втор план кога е германската фудаблска репрезентација, каде константно прв голман беше легендарниот Оливер Кан.

Поранешниот голман на Баерн Минхен направи Леман да има значително помал придонес како чувар на мрежата на германската селекција, но и покрај тоа, Јенс успеа да собере повеќе од 60 настапи за најсилниот тим на „панцирите“.

Како голман кој беше во втор план и во сенка на својот голем конкурент, Леман сега доби интересно прашање во виртуелниот разговор кој го имаше со Мат Фролиш, поврзано за конкуренцијата на голманското место кое владее во овој момент.

Добар дел од германската јавност прави притисоци и смета дека Тер Штеген треба да добие предност пред Нојер, но засега голманот на Баерн и натаму е прв избор, а истото мислење го дели и Леман кој нема сомнеж кој е подобар од нив двајца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни