Поврзете се со нас

НБА

Реакцијата на Леброн откако се соочи со семејство кое осум часа чекало за средба со него (Видео)

Објавено

на

Леброн Џејмс е голема НБА ѕвезда и според многумина еден од најдобрите играчи кои некогаш заиграле кошарка, но што е уште поважно, главниот играч на Лос Анџелес Лејкерс покажува големина и со односот кој го има со големите вљубеници во оваа игра.

На Леброн му беше многу тешко да игра во „НБА меурот“ и нагласи дека кошарката без фанови на трибините бил еден од најтешките периоди во неговата кариера, а колку всушност му значат навивачите кои гледаат на играчите како идоли, најдобар доказ е последното видео.

Едно семејство го чекало Леброн цели 8 часа пред да излезе од неговиот дом, па кога конечно се случило тоа, бил овековечен моментот и покрај доделените автограми, следело и фотографирање.

Од видеото може да се види дека Џејмс се извинува за тоа што не може да ја симне заштитната маска, бидејќи така сликата би била уште поубава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни