Поврзете се со нас

Шпанија

Реакцијата на Куман кога слушна дека Рики Пуч сака да го изведе пеналот за победа (Видео)

Објавено

на

Барселона се најде во финалето на шпанскиот Суперкуп откако во полуфиналето го победи Реал Сосиедад, натпревар кој се одигра во средата на стадионот во Кордоба.

Откако немаше подобар ривал по 120 минути игра на теренот, на крајот победникот мораше да се одлучува во пенал рулетот, а таму круцијална улога одигра Марк Андре Тер Штеген кој одбрани два удари, а кој всушност прочита четири од петте изведени пенали на Сосиедад.

Сепак, на крајот, најголемата одговорност падна на талентираниот Рики Пуч кој го изведе клучниот пенал во петтата серија, погодок со кој ја однесе Барселона на завршниот натпревар кој е закажан за в недела.

Самиот Куман по натпреварот откри дека имал одредено четири изведувачи и барал петти пеналџија кој ќе го изведе пеналот за победа, а кога го поставил прашањето, прв се јавил токму младиот Рики.

Сега се појави видео на кое добро се гледа дека Пуч самиот изразува желба да го изведе најважниот пенал, а интересна е и реакцијата на Куман кој остана подзачуден од храброста на офанзивниот фудбалер, па бараше и потврден одговор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни