Поврзете се со нас

НБА

Реакцијата на Ирвинг стана хит: Нуркиќ и Маршал разменуваа удари, Кајри остана шокиран (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/nypost

Далас Маверикс излезе како победник во соочувањето со Феникс Санс во мечот кој донесе малку поени за денешната кошарка во НБА лигата (98:89), меч во кој на крајот резултатот падна во втор план, а причината за тоа е инцидентот во кој главни актери беа Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал.

Нуркиќ и Маршал разменија удари на теренот и дефинитивно ги очекува казна од „дисциплинците“, ситуација во која се прослави и Кајри Ирвинг со својата реакција.

Плејмејкерот остана шокиран, не мрдна кога се случуваше тепачката, момент кој лесно се прошири на социјалните мрежи.

-Бев малку збунет, сè се случи брзо. Во такви моменти важно е играчите да се заштитат, да се заштитат меѓусебно каде и да се, на улица или на кошаркарски терен, треба да кренете раце и да се браните. Ќе се погрижам за нивните казни, за Пи Џеј и Маршал. Понекогаш ваквите работи се дел од кошарката, -истакна Ирвинг кој во отсуство на Лука Дончиќ е прва ѕвезда на составот од Тексас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни