Реакцијата на Бејл по тешките зборови од страна на Зидан (Видео)

bale-zidan

Зинедин Зидан го покажа своето најдрско лице по поразот кој го претрпе Реал Мадрид на пријателската од Баерн Минхен, порачувајќи дека воопшто не планира да го вметне Герет Бејл во неговиот ростер за новата сезона.

Французинот го остави Бејл на трибините и му средбата порача дека најдобро за сите ќе биде ако тој си замине од клубот уште утре, а ако Зидан со ваквиот став јасно стави до знаење што мисли за иднината на Велшанецот, реакцијата на Герет додека го напушташе стадионот отвори голема дебата.

Бејл го напушти стадионот со голема насмевка на лицето и покрај зборовите на Зидан, со што на најдобар можен начин илустрираше дека воопшто не допира до него она што го вели тренерот. Целта на Зидан е да се ослободи од високата плата која ја има Бејл, но од односот на Велшанецот, може да се заклучи дека нема да им биде лесно на „кралевите“ да се ослободат од големата ѕвезда.

Facebook Коментари