Поврзете се со нас

Англија

Реакција по болниот дерби пораз: Сколс со една слика уништи две ѕвезди на Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Арсен Венгер вчера беше еден од експертите кои во живо го коментираа големото дерби на Манчестер, кое беше исклучително еднострано и речиси понижувачко во првото полувреме.

Навивачите на Манчестер Јунајтед почнаа да го напуштаат „Итихад“ откако нивниот тим прими четири гола во првите 45 минути, период од играта кој беше оценет како катастрофален од сите експерти, со тоа што Венгер посебен фокус стави на двајца играчи кои одиграле неодговорно.

Французиниот посочи дека Антони и Санчо воопшто не им помагале на своите бекови во одбрана и тоа предизвикало Сити да има многу лесна транзиција од одбрана во напад, а со ставот на легендарниот менаџер на Арсенал очигледно се согласува и Пол Сколс.

Незаборавниот играч за врска на Јунајтед со една слика кажа повеќе од илјада зборови, бидејќи фотографијата која ја објави на социјалните мрежи има јасна симболика.

– Дали некој се сеќава кога крилата им помагаа на своите бекови?, – гласи објавата на Сколс, јасно потенцирајќи го залагањето кое своевремено го имаа Гигс и Бекам во дефанзивните задачи кои им ги задаваше Фергусон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни