Поврзете се со нас

Македонија

Реакција на Тиквеш за мечот со Вардар: Судијата не оштети, потоа симулираше дека е повреден

Објавено

на

Мечот меѓу Тиквеш и Вардар од Првата македонска лига официјално не го дочека својот крај и тоа откако главниот судија Александар Ставрев одлучи да ги повлече актерите од теренот при водство на гостите од 1-0.

Се играше самата завршница кога Тиквеш постигна гол за 1-1, но истиот беше поништен поради офсајд од помошникот Гоце Петрески, момент кој ги заври страстите во Кавадарци.

Брзо потоа Петрески падна на тревникот тврдејќи дека бил удрен од предмет од публиката, па Ставрев предвреме отсвири крај што во случајот ќе донесе санкции за домаќинот, ама и службена победа за Вардар.

Вечерва со реакција се јави клубот од Кавадарци кој тврди дека се оштетени за гол од Петрески и притоа го обвинувааат дека потоа симулирал повреда за да ја сокрие грешката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни