Поврзете се со нас

АТП

Реакција на Руд: Во кој спорт се игра во три часот наутро? (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DobleFaltaOk

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети одиграа пеколен меч на Ролан Гарос, меч кој заврши нешто по три часот утрово со што беше поставен нов рекорд кога е во прашање париската земјена подлога.

Србинот славеше со 3-2 во сетови и тоа со пресврт со кој обезбеди осминафинале во кое ќе ги одмери силите со аргентинскиот ас Франциско Серундоло.

Терминот во кој се одигра овој меч дефинитивно донесе реакции, а една од нив беше од Каспер Руд кој се огласи на социјалните мрежи.

-Дали тенисот може да се смета за најтежок спорт на светот? Во кој друг спорт треба да се игра повеќе од четири часа во три часот наутро?, -напиша Руд кој исто го заврши својот меч после полноќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни