Светски првенства
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонската ракометна репрезентација повторно имаше поддршка од трибините во Вараждин на денешниот натпревар против селекцијата на Гвинеја, па носени од „Фалангата“, избраниците на Кирил Лазаров остварија рутинска победа во меч во кој успеаја да ги заштеда и силите.
Епилогот од натпреварот беше очекуван и првата фаза на Светското првенство ја заокруживме на најдобар можен начин, но она што ги загрижува присутните во Вараждин е начинот на кој беше третирана македонската публика од организаторот на мундијалот.
По сериозната закана која ја испрати ИХФ до РФМ и Хрватска како домаќин, еден од коорганизаторите на мундијалот реши да употреби навистина жесток третман со македонските фанови, па строгост била тренирана и на жени и деца во арената во Вараждин.
Сведоштво за целата оваа ситуација даде генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој преку својот официјален Фејсбук профил се пожали за се она што се случувало денеска.
– Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза,напред Македонија! А во врска со организацијата на вечерашниот натпревар:
– Само еден влез во арена активен; Жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари; Во опасни предмети вклучени се и кармин, лабело, сјај за уста, полнач за телефон и сл.; Простор за пушење нема, а ако решите да излезете, треба пак назад кај редарот на главен влез; АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски!, – порача Милошевски.
-
Италија21 час
Вокер го брани соиграчот: Тео не симулираше, судијата го промени натпреварот
-
Италија22 часа
Синот на Буфон добил повик за настап во репрезентацијата на Чешка
-
Шпанија6 часа
Дисциплниците донесоа одлука, Белингам ја дозна казната за црвениот картон против Осасуна
-
Лига на шампиони11 часа
Гасперини „удри“ по ѕвездата на Аталанта: Тој е еден од најлошите пеналџии, не требаше…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони10 часа
Гвардиола за црвениот картон на Белингам: Мојот англиски е добар…
-
Лига на шампиони9 часа
Капитенот на Аталанта се „исклучи“, па тргна по секоја цена да се пресмета со противникот (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Тео „поцрвене“ поради симулирање, Феенорд го исфрли Милан од Лигата на шампионите (Видео)
-
Шпанија12 часа
Атлетико со жестока објава против Реал: Машинеријата ќе уништи се што ќе се најде на патот! (Фото)