Поврзете се со нас

Шпанија

Реакција на Португалецот: Роналдо го искоментира трансферот на Мбапе во Реал (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Килијан Мбапе и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб инсистираше на неговиот потпис низ целиот период додека тој беше во Пари Сен Жермен.

На крајот Реал го доби без никакво обештетување што е уште една голема победа на Флорентино Перез и неговите најблиски соработници.

Договорот на Мбапе е на пет години што доволно говори дека се работи за долгорочен проект во кој тој сигурно ќе биде една од клучните фигури. Кристијано Роналдо многу добро знае што значи да се биде главна ѕвезда во Реал, па со една порака му посака добредојде на Французинот во новата средина.

-Сега јас ќе те гледам. Со нетрпение чекам да видам како ќе го запалиш Бернабеу… Хала Мадрид, -порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни