Поврзете се со нас

Автомобили

Реакција на Макпетрол: Изедначете ја акцизата на екстра лесното и дизелот!

Објавено

на

blank

Компанијата Макптерол веќе неколку години укажува на зголемени количества на екстра лесно гориво кои се увезуваат во државата, иако за тоа не постои реален пазар.

Денеска компанијата повторно реагираше откако Министерството за финансии ги констатира злоупотребите, бидејќи меѓу овој енергенс и дизелот постои голема разлика во малопродажните цени, па одделни субјекти го продаваат како погонско гориво спротивно од постојните закони.

– За жал, долгоочекуваната анализата за екстра лесното гориво го потврди тоа што со години е познато, но и тоа не е доволно за преземање конкретни мерки од страна на државата,- се вели во соопштението.

Компанијата апелираше и дека со ваквите манипулации се оштетува буџетот, но исто така и се загадува околината.

– Ваквата анализа без носење мерки дополнително разочарува и уште еднаш го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстра лесното гориво. Како да се објасни фактот дека државата, од една страна, се задолжува со цел да обезбеди дополнителни средства во буџетот за справување со економската криза, а од друга страна не покажува интерес и решителност, преку регулација на пазарот, да ги наплати даноците кои и следуваат. За конкретниот проблем покажаа интерес и релевантни меѓународни институции, од причина што нерешавањето на злоупотребите со екстра лесното гориво е во спротивност со европските директиви,- укажуваат од Макпетрол.

Од компанијата упатуваат апел час посокоро да се зголеми акцизата на екстра-лесното гориво, кое е дозволено за употреба само за греење.

– Изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот ќе демотивира понатамошни злоупотреби, ќе придонесе за зголемен квалитет на горивото што се користи, а истовремено ќе ја заштити животната средина со промовирање и користење гориво според европските стандарди,- се заклучува во дописот до медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни